SportM
Фудбал

Ако Меси реши да ја напушти Барселона, веќе се знае каде ќе игра

Д М17 авг 2020
Ако Меси реши да ја напушти Барселона, веќе се знае каде ќе игра

Во Барселона деновиве се наоѓа хаотична состојба по тешкиот пораз во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн (8:2).

Каталонскиот клуб доживеа еден од најголемите порази во историјата на клубот, а тоа е само уште еден доказ дека на Барселона му се потребни големи промени. Сите бараат од претседателот Жосеп Марија Бартомеу да си даде оставка и да ја напушти оваа функција затоа што препознатливата филозофија на Барса е изгубена уште од неговото пристигнување.

Сепак, се чини дека деновите на многу играчи во Барселона се нумерирани, а дека повеќето од нив ќе бидат на трансфер-листата. Но, она што најмногу ги разочара навивачите беше фактот дека клубот дошол до заклучок дека Лионел Меси исто така сакал да си замине.

Меси има едногодишен договор и одбива да го продолжи за некое време. Сепак, шпанските медиуми синоќа објавија дека Аргентинецот веќе сака ова лето да ја напушти Барселона, односно тој поставил ултиматум за да си замине или тој или Бартомеу.

„Мундо Депортиво“ утрово пишува дека Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата и дека Пеп Гвардиола им кажал на челниците на клубот дека мора да сторат сé за да го доведат Меси, доколку реши да ја напушти Барселона.

Се чини дека Сити е единствениот кој може да си дозволи да го донесе Меси, а тие веќе се обидоа да го сторат тоа пред две години кога Аргентинецот ги одби. Но, ако Бартомеу остане претседател на Барселона, не би било изненадување ако Меси го напушти овој клуб каде што играше од почетокот на кариерата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.