SportM
Фудбал

„Ако некој од клубот го стори тоа, тој не може да има иднина во Барселона“

Д М2 фев 2021
„Ако некој од клубот го стори тоа, тој не може да има иднина во Барселона“

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги прокоментира информациите на Мундо Депортиво, кој ги објави вистинските детали за договорот на Лионел Меси.

МД во јавноста извади документи на Барселона пред два дена откако објави копија од договорот на Меси во 2017 година и според кој Аргентинецот заработува многу повеќе отколку што се мислеше.

Барселона веднаш се дистанцираше велејќи дека никој од клубот не му го испратил договорот на новинарот на Мундо Депортиво, а Меси најави тужби против луѓето кои знаеја за договорот.

Во меѓувреме коментираше и Куман, тренерот на Барселона, кој е разочаран од сè затоа што знае дека тоа носи само немир во тимот.

„Ако ова го стори некој од клубот и ако од него излезе договор, тогаш тој не може да има иднина во Барселона“, рече кратко Куман.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.