Ако се прашува легендата, овие девет играчи треба да го напуштат Арсенал

Според легендата на Арсенал, Пери Гроувс, клубот треба да го напуштат девет фудбалери.
Гроувс сега работи како фудбалски аналитичар и има одиграно над 150 настапи за Арсенал помеѓу 1986 и 1992 година.
Тој верува дека девет играчи од сегашниот состав на Арсенал треба да го напуштат клубот.
„Ќе биде невозможно да се ослободиме одеднаш. Давид Луиз, Шкродан Мустафи, Сократ. Дани Себалос ќе замине во секој случај затоа што е на позајмица од Реал. По нив, Месут Озил, Грани Џака, Калум Чемберс, Мохамед Елнени и Хенрик Мхитарјан. Не се работи тука за талентот, тие едноставно не се добри играчи“, тврди Гроус.
Арсенал е на 10-то место во Премиер лигата со 37 бода, додека водечки е Ливерпул има дури 79. Очајната сезона на Арсенал е дополнително руинирана со испаѓање од Олимпијакос во 1/16 финале во Лигата на Европа.



