Поврзи се со нас

Фудбал

Ако се верува на традицијата, Милан го освојува Скудетото!

Милан фантастично ја отвори новата сезона во Серија А, па забележа четири победи на четири натпревари.

Росоњерите ја забележаа четвртата победа синоќа против Интер (2:1), а во исто време погодокот на Ромелу Лукаку беше првиот што го прими на четири натпревари.

Црвено-црните во моментов се лидери на табелата со 12 бода и нивната главна цел е пласман во Лигата на шампионите, иако Златан Ибрахимовиќ сепак верува во Скудетото и индиректно ја најавува борбата за трофејот.

И, исто така, традицијата го кажува истото. Милан започна четири пати во историјата со четири победи и секој пат ја освојуваше титулата.

Тоа се случи во сезоните 1950/51, 1954/55, 1992/93 и 1995/96.

Доколку се верува на традицијата, Милан оваа сезона ќе стигне до нова титула, иако повторно сите го гледаат или Јувентус или Интер како шампиони, па дури и Наполи.

Advertisement