Ако Сити биде исфрлен, Арсенал е веќе шампион, Фулам блиску до ЛШ?

Манчестер Сити се соочи со огромни проблеми, а тие не се резултатски. Иако на Граѓаните, кои беа апсолутни фаворити во Премиер лигата, оваа сезона не им оди баш најдобро.
Англискиот шампион беше обвинет за кршење на финансискиот фер-плеј од 2012 до 2018 година. Доколку биде исклучен, сите резултати на Сити оваа сезона ќе бидат збришани. Нешто слично се случи и во сезоната 2021/21 со Довер Атлетик.
Тој клуб кога излезе се натпреваруваше во Националната лига, односно во петтиот степен на англискиот фудбал, па сите други екипи наместо 43, официјално одиграа 42 натпревари.
Доколку истата судбина го снајде Сити, Арсенал ќе беше лидер со дури 11 бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед. Во топ четворката во моментов би бил Тотенхем, чија неодамнешна победа против Граѓаните би била поништена.
Одличен скок би остварил Фулам на Александар Митровиќ, кој би стигнал дури до петтото место, блиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, додека на дното Евертон би побегнал од опасната зона.




