SportM
Фудбал

Ал-Хелаифи го уништи Меси и даде пример за сите по него во ПСЖ

Д М10 јан 2024
Ал-Хелаифи го уништи Меси и даде пример за сите по него во ПСЖ

Претседателот на ПСЖ – Насер Ал-Хелаифи даде долго интервју во Франција и се осврна на многу клучни теми за клубот. Тој беше поканет на програмата „Parque de los Príncipes“ и не ја одмина ниту легендата Лионел Меси.

Менаџерот призна дека не може да биде задоволен од однесувањето на Аргентинецот по напуштањето на Паркот на принцовите и последователната размена на забелешки. Во пракса, Ал-Хелаифи стави точка и на големиот капитален проект, како што беше познат со години – со еден куп светски фудбалски ѕвезди.

Коментар на Ал-Хелаифи

„Имам голема почит кон него, но ако некој сака да зборува лошо за Пари Сен Жермен откако си замина… Тоа не е во ред! Тоа не е почит. Тој не е лошо момче, но не ми се допаѓа тоа. Не се работи само за него, туку за сите. Зборуваме кога сме тука, не кога заминуваме. Тоа не е наш стил.

Веќе не ни требаат ѕвезди. Денеска ѕвезда е Пари Сен Жермен. Потребни ни се играчи кои го почитуваат дресот, го почитуваат клубот и даваат се за амблемот“, истакна шефот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.