Алаба фудбалер на годината во Австрија
Д М22 дек 2021

Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба е прогласен за фудбалер на годината во Австрија.
Дефанзивецот доби најмногу гласови во изборот на 12 тренери на австриската Бундес лига, кој секоја година го организира австриската новинска агенција АПА.
Алаба со 44 гласа ги остави Карим Адејеми од Ред Бул Салцбург и Кристоф Бамугартнер, фудбалер на Хофенхајм.
Ова е осми пат како Алаба е избран за фудбалер на годината во Австрија и го држи рекордот. Тој оваа година со Баерн Минхен го освои германското првенство, пред да се пресели во Реал Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



