Алаба заработува 12 милиони во Реал, но има необичен стил на облекување: Крос јавно го исмеа

Кога играте во Реал Мадрид и имате милиони следбеници секогаш кога објавувате на социјалните мрежи, неопходно е да внимавате на секој детал.
Давид Алаба пред неколку дена објави две фотографии на Инстаграм и ја предизвика реакцијата на повеќето соиграчи од мадридскиот гигант.
Австрискиот дефанзивец беше фотографиран во градината со цитат од Библијата кој гласи: „Одете по вера, а не по видување“.
View this post on Instagram
Додека повеќето соиграчи од соблекувалната оставаа позитивни коментари, Тони Крос отиде чекор понатаму.
Кога виде што носи Крос, не можеше а да не го исмее Алаба со кој некогаш играше во Баерн, а сега во Реал.

„Врате те му ги влечките на дедо ми“, напиша Крос. Следуваше реакцијата на Алаба.
„Не можам повеќе да го издржам ова, ќе ве исечам на тренинзите“, одговори 29-годишниот играч.
Инаку, Алаба и Крос повторно станаа соиграчи минатото лето кога Австриецот пристигна бесплатно потпишувајќи петгодишен договор со кралевите вреден 12 милиони по сезона.



