Алба летово ја напушта Барселона

Фудбалерот на Барселона Џорди Алба по 11 години ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесува ESPN.
Дефанзивецот е под договор со Каталонците до крајот на јуни 2024 година, но двете страни постигнаа договор дека тој може да ја смени средината како слободен играч ова лето.
Неделниот натпревар против Мајорка ќе биде неговата последна шанса да се прости од навивачите на Барселона на Ноу Камп.
По тој натпревар, Барселона, која и математички веќе ја освои титулата, се очекува да и гостува на Селта во Виго во последното коло од Ла Лига.
Во недела со навивачите ќе се прости и капитенот на Барса, Серхио Бускетс, кој претходно најави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот.
Сега не се знае каде двајцата ќе ја продолжат кариерата, но шпанските медиуми изминатите месеци ги поврзуваа со неименуван клуб од Саудиска Арабија.



