SportM
Фудбал

Алегри е подготвен да се врати во фудбалот: Ги наполнив батериите

Д М6 јул 2020
Алегри е подготвен да се врати во фудбалот: Ги наполнив батериите

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри ги наполни своите батерии и бара нов проект, да се натпреварува и да победи.

Шест пати победникот на Серија А го заврши одморот и е далеку од фудбалот и сега тој вели дека не е важно во кој тим се враќа во овој спорт.

„Се одморив, ги наполнив батериите и останав со семејството во Ливорно“, изјави Алегри за „Марка“.

„Не е важно каде, јас барам клуб кој сака да го сподели проектот со мене и има амбиција да се натпреварува и да победи“, додаде тој.

На прашањето дали му се допаѓа Ла Лига, Алегри одговори: „Кој би одговорил не на ова прашање? Никој “.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.