Connect with us

Фудбал

Алегри: И по ваков пораз ќе станеме посилни

Во 5. коло од Лигата на шампионите, Јувентус доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Челзи. Челзи славеа со 4:0.

Иако претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите во редовите на Старата дама, сигурно не очекуваа ваков расплет од мечот и во иднина ќе ги мачат многу.

За ова е свесен и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Болен пораз, разочарани сме што примивме четири гола. Сепак, ја исполнивме главната задача, а тоа е да се пласираме во осминафиналето. Имаше многу моменти кога брзо ја загубивме топката во обид да организираме напад. иако требаше да се обидеме да го задржиме поседот“, истакна тренерот на Јувентус.

„Во Торино, пак, одигравме 90 минути внимателно во одбраната, а синоќа само 45 минути по кои се предадовме. Ги знаеме нашите силни и слаби страни. И по овој пораз ќе станеме посилни“, додаде Алегри.

На крајот да додадеме дека Челзи и Јувентус по пет кола имаат по 12 бода, Зенит четири, а Малме еден.

Реклама

Facebook

Реклама