SportM
Фудбал

Алегри откри што му недостига на Јувентус, позната е неговата судбина на клупата на Старата дама

Д М11 окт 2022
Алегри откри што му недостига на Јувентус, позната е неговата судбина на клупата на Старата дама

Макс Алегри тврди дека Јувентус нема „технички или тактички проблеми“, а на овој тим му недостигаат „срце и страст“.

Јувентус испушти победа, но потполно потфрли во Израел, каде претрпе пораз од 2:0 од домашниот тим Макаби. што значително ги намали шансите за пласман во осминафиналето.

Тешко е да се објасни, можеме само да молчиме, бидејќи тоа не беше добар настап во однос на карактерот“, изјави Алегри за Sky Sport Italia.

„Мораме да излеземе од оваа ситуација и да молчиме. Утре се враќаме во Торино и остануваме во тренинг центарот до дербито. Тоа не е техничко или тактичко прашање, на овој тим му недостасува срце и страст. Играме премногу како поединци, мораме повторно да станеме тим“, додава Алегри.

Претседателот Андреа Ањели изјави дека Јувентус треба да се „засрами“ од оваа игра во Хаифа.

„Во право е, ова беше нашето најлошо прво полувреме. Не е во ред да се игра вака“, тврди Алегри.

Ањели беше прашан дали некогаш размислувал да се повлече од Јувентус.

„Не, кога предизвикот станува тежок, тоа е уште повозбудливо. Мораме да излеземе од ова и да бидеме уште посилни“, изјави првиот човек на клубот.

На прашањето дали Алегри ќе добие отказ, тој рече дека во моментов не размислува за тоа и дека клубот ќе се фокусира на следните натпревари, а следниот е викендот против Торино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.