SportM
Други

Алкараз: Имаме многу повреди бидејќи играме многу натпревари, одиме над нашите граници

SPORTM.mk9 окт 2026
Алкараз: Имаме многу повреди бидејќи играме многу натпревари, одиме над нашите граници

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, една од иконите на овој спорт, зборуваше за медиумите за ситуацијата што се создаде во овој спорт, каде што од играчите се бара да играат на што е можно повеќе турнири.

Според поранешниот број 1 во светот, ова доведе до чести повреди на тенисерите, вклучувајќи го и него самиот. Во моментот, додека е повреден веќе два месеци и нема да игра до јануари, број 1 во светот е Јаник Синер.

„Мислам дека една од причините поради кои гледаме толку многу повреди е дека нè принудуваат да играме многу натпревари, одиме над нашите граници“, изјави шпанскиот тенисер.

„Играме на многу турнири, играме многу натпревари. Мислам дека одиме во погрешна насока“, рече Алкараз.

„Јас му посакувам на Јаник брзо опоравување, да биде во форма кога ќе започне новата сезона и да го гледаме што почесто“, изјави понатаму Алкараз.

„Го повикувам луѓето што раководат да обрнат повеќе внимание на тоа што се случува со нас тенисерите и секоја одлука да се донесе во разговор со играчите“, рече Алкараз.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.