Алкараз пред финалето со Новак Ѓоковиќ: Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата
Редакција14 јул 2024

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објасни со какви размислувања доаѓа во финалето на Вимблдон 2024 година.
Дваесет и едногодишниот Шпанец е актуелен шампион на турнирот. Негов противник во финалето втора година по ред ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.
– Се трудам да не размислувам за одбрана на титулата. Одам на секој натпревар знаејќи дека постои можност да загубам. Секој натпревар е битка, противникот ќе ја покаже својата најдобра игра за да ве порази. Се трудам да се подобрувам секој ден. Чувствата се слични на оние минатата година. Работам на управување со стресот. Нервозата е нормална, но треба да се контролира, изјави Алкараз за „Tennis World“.
Одлучувачкиот натпревар на Грен слемот во Лондон ќе се одигра утре со почеток во 15 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



