SportM
Фудбал

Алварез продолжува да не се појавува на тренингот на Атлетико, напаѓачот достави потврда дека е во депресија

SPORTM.mk28 авг 2026
Алварез продолжува да не се појавува на тренингот на Атлетико, напаѓачот достави потврда дека е во депресија

Недоразбирањата меѓу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид продолжуваат и денес.

Аргентинскиот напаѓач, кој беше цел на Барселона и Арсенал во летниот трансфер период, сега ne e заедно со остатокот од тимот.

Шпанските медиуми потврдуваат дека тој ја пропуштил и третата последователна тренинг сесија. Дури се дознава дека клубот добил лекарска потврда која докажува дека е во депресија поради ситуацијата.

Напаѓачот беше остро критикуван од навивачите на Атлетико за време на последниот натпревар против Виљареал. Во овој момент, трансферот изгледа како единствено можливо решение.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.