Алварез со уште еден знак колку многу го сака трансферот во Барселона (ФОТО)
SPORTM.mk19 авг 2026

Родри е официјализиран во Барселона. Неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити, веднаш му се заблагодари на Шпанецот на социјалните мрежи на клубот со кратка реакција „Фала Родри“.
Она што се забележа во оваа објава беше „лајкот“ од страна на Хулијан Алварез. Медиумите и не само тие го виделе овој „лајк“ од Алварез како уште еден негов знак за трансфер во Барселона што толку многу го посакува.
Од друга страна, Барселона соопшти дека ќе направи уште еден последен обид за трансферот на Алварез, во текот на оваа недела. Останува да се види дали Алварез ќе се приклучи на Родри, со кој играше две сезони во Манчестер Сити.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



