SportM
Фудбал

Алваро Мората утре во Торино, сите детали се познати!

Д М21 сеп 2020
Алваро Мората утре во Торино, сите детали се познати!

Сагата околу трансферот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид во Јувентус заврши.

Така барем тврдат италијанските новинари Фабрицио Романо и Ди Марцио, кои секогаш се справуваат со многу добри информации кога станува збор за трансферите.

Имено, Мората ќе дојде во Торино утре да потпише договор со Јувентус, а тој ќе пристигне на позајмица од Атлетико Мадрид.

Јувентус ќе плати девет милиони евра за неговата позајмица, а на крајот на сезоната ќе имаат можност да го купат за 45 милиони евра.

Покрај тоа, доколку не сакаат да го купат веднаш, Јувентус ќе има можност да го донесе Мората на уште една едногодишна позајмица.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.