Connect with us

Фудбал

Алвеш се појави во интересен стајлинг: Сите му се смееја кога видоа што носи на нозете (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш вчера и официјално беше претставен како ново засилување на Барселона.

Барселона реши да го врати Алвеш во своите редови откако тој го раскина договорот со Сао Паоло, а тој потпиша договор за соработка со каталонскиот клуб до крајот на оваа сезона.

Доколку искусниот 38-годишен фудбалер се докаже до крајот на сезоната, тогаш Барселона ќе има можност да го продолжи договорот за уште една година.

Алвеш вчера беше официјално претставен на Камп Ноу каде беше пречекан од голем број навивачи, а од неговото лице се гледаше колку е среќен што се врати во Барселона.

Во овој клуб играше осум години и освои се што можеше, а сигурно не можеше да замисли дека на крајот од кариерата повторно ќе заигра во дресот на каталонскиот тим.

Алвеш вчера се најде во центарот на вниманието поради неговиот стајлинг кога дојде на презентацијата.

Бразилецот облече маица и јакна и излезе на теренот да даде интервју за клупскиот канал, а потоа многумина сфатија дека има апостолки на нозете, што ја насмеа јавноста.

Но, тоа не е ништо ново за Алвеш кој често знае да експериментира со својот стајлинг, но овојпат изгледа како да е само претерано.

Реклама

Facebook

Реклама