Аморим по уште еден неуспех: Не поднесувам оставка, можат само да ме избркаат

Фото: tv21m
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по поразот во клучниот натпревар од сезоната изјави дека не размислува за оставка.
Аморим го наследи Ерик тен Хаг на функцијата менаџер на Јунајтед во ноември минатата година, но ни тој не успеа да ги врати „Црвените ѓаволи“ на вистинскиот пат. Јунајтед моментално се наоѓа на 16-то место во англиската Премиер лига, беше елиминиран од Фулам во осминафиналето на ФА Купот, беше елиминиран од Тотенхем во четвртфиналето на Лига Купот, а синоќа играше финалето на Лигата на Европа против истиот противник. Синоќешниот натпревар во Билбао беше последна шанса на Аморим да освои трофеј и да игра во Лигата на шампионите следната сезона, но Спарс победија со 1-0, со што заврши кошмарната сезона на „Црвените ѓаволи“.
„Нема да поднесам оставка. Доколку раководството или навивачите сметаат дека не сум вистинскиот човек за оваа работа, можат да ме отпуштат. Во тој случај, веднаш ќе си заминам и нема да земам никаква отпремнина, но нема да поднесам оставка“, рече Аморим.



