ПСЖ „разочара“ на првиот натпревар, но какво деби за Феран Торес

ПСЖ го започна новиот сезон во Лига 1 со нерешен резултат 2-2 на гостувањето против Рен. Домашните дојдоа до водство во 9. минута, кога Себастијан Шимански постигна одличен гол, со фантастичен удар од далечина. ВИДИГОЛ
Естебан Лепол ја зголеми разликата во 38. минута, успешно завршувајќи брз напад. ВИДИГОЛ2
Првото полувреме заврши 2-0 за Рен. Второто полувреме беше целосно во знак на ПСЖ. На почетокот од второто полувреме, излегува Усман Дембеле, а влегува Феран Торес, големото летно засилување.
Токму шпанскиот напаѓач стана главен актер на натпреварот, постигнувајќи два гола на деби натпреварот. Најпрво во 71. минута, Торес го постигна првиот гол по одличен асист на Фабиан Руиз. ВИДИГОЛ
Во 82. минута, повторно се повтори сцената од првиот гол. Фабиан Руиз нафрла во шеснаесетникот, Торес постигнува со глава. Конечен резултат 2-2. ВИДИГОЛ



