Реал Мадрид изненаден од Селта Виго во првото полувреме. Мбапе промаши пенал (видео)

Првото полувреме на „Сантјаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Селта Виго заврши 0-1 за гостите, кои одлично започнаа и го постигнаа водечкиот гол уште во 6. минута, кога по совршена контра Пабло Дуран ја смести топката во мрежата, асистиран од Вилиот Сведберг.
Во 14. минута, ударот со глава на Бернардо Силва заврши многу блиску до десната статива. Во 24. минута, Арда Ѓулер беше сопрен во шеснаесетникот и цел тим на Реал бараше пенал, но судијата го продолжи натпреварот нормално.
Во 33. минута, Селта Виго беше блиску до вториот гол, но ударот на Вилиот Сведберг заврши блиску до десната статива. Во 37. минута, Хавиер Родригез го повлече Килијан Мбапе за дресот. Судијата досуди пенал за Реал Мадрид. Мбапе шутираше, но топката заврши над пречката. Еден од најлошите пенали во неговата кариера. Првото полувреме заврши 0-1 за Селта Виго.



