Аморим во Милан го носи својот миленик од времето кога го водеше Манчестер Јунајтед
SPORTM.mk26 авг 2026

Милан е многу активен овие последни денови на трансфер-пазарот, каде што освен заминувањето на некои играчи кои не се дел од проектот на Рубен Аморим, црвено-црните бараат да направат и некои можни засилувања, за да му обезбедат на португалскиот тренер комплетен тим.
CaughtOffside открива дека Милан ги зголемил преговорите во последната недела со Манчестер Јунајтед, за можниот трансфер на Нусаир Мазрауи. Рубен Аморим добро го познава мароканскиот бек од времето кога го водеше Манчестер Јунајтед и тој беше стабилен играч во формацијата на Португалецот.
Мазрауи може да игра на позицијата на црнтрален бек, или на десната страна на тројната одбрана, профил кој најдобро одговара на тренер кој користи одбрана со три играчи.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



