Connect with us

Фудбал

Анчелоти: „Ембапе? Па, Реал веќе има шест од најдобрите играчи во светот…“

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и овојпат на прес-конференцијата не сакаше многу да зборува за Килијан Мбапе.

Новинарите инсистираат стратегот на Реал да каже нешто ново за најавеното доаѓање на Килијан Ембапе во Мадрид, сепак, Италијанецот е резервиран, политички коректен, како што треба.

Сепак, се чини дека малку претера во вчерашната изјава бидејќи не беше баш реален. Јасно е дека секој тренер високо ги цени своите играчи, но не е дека искусниот Анчелоти беше објективен со својата изјава.

„Постојано ме прашувате за играч кој игра за друг тим. Тука веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот. Винисиус Јуниор е прв, Џуд Белингам е втор, Родриго е трет. Потоа се Тони Крос, Феде Валверде и Едуардо Камавинга“, рецитираше Анчелоти.

Веројатно ниту навивачите на Реал Мадрид не би се согласиле со ваквиот став на италијанскиот стратег.

Advertisement