Connect with us

Фудбал

Анчелоти ги одбра тројцата најдобри играчи од средниот ред во светот!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не се двоумеше да ги избере тројцата најдобри играчи од средниот ред во светот.

Анчелоти, сепак, интересно ги прогласи сите тројца најдобри играчи од средниот ред на Реал Мадрид. За него, тврди тој, тие се најдобри од сите, иако има голема конкуренција.

„Модриќ, Крос и Касемиро се најдобри играчи од средниот ред, имаат големо искуство и се фантастични фудбалери. Освен тоа, одлично се надополнуваат и кога се заедно на теренот, никој не може да се споредува со нив“, вели Анчелоти за АС.

Италијанскиот тренер го пофали и францускиот напаѓач Карим Бензема.

“Карим е одличен играч, напаѓач, комплетен е и секогаш знае како да го најде патот до мрежата. Може да се спореди со Кристијано Роналдо или Халанд. Бензема е играч кој прави разлика”, изјави Анчелоти.

Зборовите на италијанскиот стручњак можеби изгледаат пристрасно бидејќи „ваде се“ од тимот што го води, но нема сомнеж дека се работи за извонредни фудбалери и дека тоа што го зборува поранешниот тренер на Челзи и Милан не е далеку од вистината.

Реклама

Facebook

Реклама