Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Има играчи во Примера кои можат да ги заменат Меси и Рамос, еден од нив игра за Реал

Лионел Меси летово ја напушти Барселона, додека Реал го загуби Серхио Рамос, а со нивното заминување, Примера исто така загуби многу.

Заминувањето на големите sвезди ја потресе Примера, но многу фудбалски стручњаци веруваат дека и денес во оваа лига играат играчи кои и даваат една димензија повеќе.

Еден од оние кои сметаат дека и денес има одлични фудбалери во Примера е тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој посебно го пофали крилото на Реал, Виникус Јуниор.

“Рамос и Меси се преселија во Франција. Лигата загуби одлични играчи, но има и други кои сега го покажуваат својот потенцијал. Еден од нив е нашиот Винисиус”, изјави Анчелоти.

По пет одиграни кола, Реал Мадрид е на врвот на табелата со 13 бодови. Второпласираниот Атлетико има два помалку, а Валенсија и Реал Сосиедад имаат по три помалку.

На пет натпревари, кралевите постигнаа 15 гола, а пет постигна гореспоменатиот Виникус, кој се наоѓа на второто место во листата на стрелци. Неговиот тимски колега Бензема постигна гол повеќе.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама