SportM
Фудбал

Анчелоти издвои еден: „Фантастичен спортист и одличен играч“

Д М12 сеп 2022
Анчелоти издвои еден: „Фантастичен спортист и одличен играч“

Реал Мадрид продолжи да дроби се пред себе оваа сезона.

 

По пет кола во шпанската Ла Лига имаат максимални 15 бодови и се на првото место на првенствената табела.

 

Кралскиот клуб вчера играше против Мајорка и победи со 4:1, иако победата не беше толку лесна како што можеше да навести резултатот.

Мајорка поведе преку Муриќи во 35. минута, израмни Валверде во судиското надополнување на првиот дел, Винисиус направи пробив во 72. минута, додека на крајот, во 89. и 93. минута, погодија Родриго и Рудигер.

На крајот од натпреварот свој коментар даде Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид. Тренерот на Галактикос призна дека Мајорка им правела проблеми на неговите играчи во првиот дел од натпреварот, но Лос Бланкос беа тие што ја направија разликата на крајот.

Анчелоти имаше само пофални зборови за еден играч, Федерико Валверде, авторот на спектакуларното израмнување.

 

„Проблемите беа предвидливи. Добро се бранеа, постигнаа гол од слободен удар, ни требаше малку време да влеземе во игра, но ја задржавме контролата. Не одигравме фантастично во првото полувреме, но во вториот дел беа многу подобри. Валверде ни даде длабочина, а потоа Родриго“, изјави Анчелоти и потоа додаде:

 

„Тој е одличен играч (Федерико Валверде), игра како играч од средниот ред, игра и на крилните позиции. Сега е поблиску до голот и постигнува повеќе, веќе има два гола и ќе даде повеќе. Тој е фантастичен спортист и одличен играч“, изјави Карло Анчелоти по мечот со Мајорка, пренесува DAZN.

 

Инаку, Реал Мадрид ги доби сите официјални натпревари оваа сезона, со оглед на тоа што освен пет победи во шпанската лига, има и триумф против Селтик во Лигата на шампионите.

 

Следниот натпревар на Реал се очекува за три дена кога во Мадрид го пречекува РБ Лајпциг во 2. коло од најсилното европско натпреварување.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.