SportM
Фудбал

Анчелоти: Меси не е најдобар во историјата

Д М30 дек 2022
Анчелоти: Меси не е најдобар во историјата

Карло Анчелоти е во тренерската дејност повеќе од 25 години и постигна врвни резултати. Пред тоа, тој имаше фантастична играчка кариера – и кога човек со таква историја не може да процени кој е најдобар фудбалер на сите времиња, има ли смисла да се дебатира за тоа?

Тренерот на Реал Мадрид даде конкретен одговор на прашањето дали Лионел Меси е најдобар досега:

„ Не е во ред некој да каже нешто на таа тема, бидејќи секоја ера има одлични фудбалери, па дури и многу добри. Затоа најдобриот одговор на тоа прашање е: „Немам поим кој е најдобар “, изјави Италијанецот.

За самиот Меси, новиот светски првак со Аргентина рече:

„ Реченицата дека Меси е најдобриот досега нема да ми излезе од уста. Не, нема шанси да кажам такво нешто, бидејќи премногу уживав во фудбалот досега и со толку многу големи играчи. Па, во текот на мојот кариера, работев практично секој ден со играчи кои ја освоија Златната топка “, изјави Анчелоти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.