Анчелоти се покаја: Реал Мадрид повеќе нема да игра во таа формација

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сфати дека неговиот тим не може да игра во формација 4-4-2.
Италијанскиот стручњак се обиде со таа формација на натпреварот против Еспањол, но се покажа како погрешен потег бидејќи Реал беше поразен со 2:1 на тој натпревар.
“Се обидовме да одиграме 4-4-2, како против Еспањол, но се браневме очајно и работите не одеа како што сакавме. Идејата е јасна-овој тим мора да игра 4-3-3. Тоа е идеален систем за состав што го имаме на располагање“, изјави Анчелоти пред дуелот со Шахтјор.
Ова гостување во Украина ќе го пропуштат Лука Јовиќ, Еден Азар и Герет Бејл, а неколку дена подоцна кралевите ги очекува пеколен дуел со Барселона на Ел Класико. Тој судир е закажан за в недела во 16:15 часот.
Реал го победи Интер со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите во Милано, а потоа беше шокантно поразен со 2-1 од молдавскиот шериф на домашен терен.



