Анчелоти се уште е под знак прашалник за патувањето во Лондон

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се уште не знае дали ќе успее да го води тимот на гостувањето кај Челзи во Лигата на шампионите во среда.
Италијанскиот стручњак минатата недела беше позитивен на КОВИД-19, поради што го пропушти гостувањето кај Селта.
На 48 часа пред мечот во Лондон тој повторно ќе има ПЦР тест, а доколку резултатот биде позитивен, Италијанецот нема да биде со тимот на овој важен натпревар. Инаку, тренерот утрово не се појави на тренинг кампот.
📸| Last training session in Madrid before travelling to London. 🏃♂️ #UCL pic.twitter.com/tLWGkZ5l0k
— Madrid Xtra (@MadridXtra) April 4, 2022
Анџелоти веќе нема симптоми, но во Реал се внимателни, бидејќи не сакаат некој од фудбалерите да се зарази. Во случај тренерот да не отпатува за Лондон, тимот ќе го предводи дуото Давиде Анчелоти – Абиан Пердомо, кои тоа го направија на гостувањето во Виго.
Неодамна беше опериран Еден Азар, а надвор од теренот се и повредените Лука Јовиќ и Иско.



