SportM
Фудбал

Андре Онана потпиша за Интер

Д М6 јан 2022
Андре Онана потпиша за Интер

Голманот на Камерун Андре Онана кариерата ја продолжува во Интер.

25-годишниот голман денеска беше на лекарски прегледи во базата на Интер и се очекува наскоро и официјално да стане член на актуелниот шампион на Италија.

Сепак, Онана нема веднаш да биде меѓу стативите на „нероаѕурите“, туку ќе ја заврши сезоната во Ајакс, а потоа како слободен играч ќе пристигне во Интер.

25-годишникот помина низ младинската школа на Барселона. Тој не доби шанса во првиот тим и реши да оди во Ајакс и тоа беше вистинскиот потег.

Камерунецот со години е ’единица’ на великаните од Амстердам за кои настапи 205 пати.

Според новинарот Фабрицио Роман, Онани на Интер ќе му даде годишна плата од три милиони евра, а ќе потпише и петгодишен договор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.