SportM
Фудбал

Ањели го гледаше торинското дерби во друштво на новиот тренер на Јувентус?

Д М4 апр 2021
Ањели го гледаше торинското дерби во друштво на новиот тренер на Јувентус?

Утрово Ил Жорнале постави вистинска медиумска бомба која крена голема прашина во Серија А.

Иако во изјавите ја има безрезервната поддршка од управата на клубот, Пирло може да ја напушти клупата на Јувентус.

Јувентус одигра 2:2 со Торино во градското дерби и го доведе во прашање пласманот во Лигата на шампионите.

Претседателот Андреа Ањели го следеше натпреварот во друштво на Масимилиано Алегри, па веднаш се појавија шпекулации за враќање на одличниот тренер на клупата на Бјанконера.

Ањели и Алегри имаат одлична врска, па враќањето на трофејниот стручњак на тренерската позиција во Јувентус не треба да изненадува.

Јувентус ќе го одигра заостанатиот натпревар против Наполи во среда, а судбината на Пирло зависи од исходот на тој натпревар.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.