Англичаните имаат огромен проблем, поради што се под знак прашалник премиерлигашките натпревари овој викенд

Натпреварите од англиската Премиер лигата кои требаше да се играат претходниот викенд се одложени поради смртта на кралицата Елизабета Втора.
Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, откако владееше со Англија 70 години. Оваа земја сега има нов лидер, кралот Чарлс III.
Смртта на кралицата предизвика многу проблеми кога е во прашање Премиер лигата. Поради големата жалост во оваа земја, одложени се и натпреварите од седмото коло, кои требаше да се одиграат минатиот викенд.
Сепак, медиумите во Англија пренесуваат дека под знак прашалник е дали натпреварите ќе се играат и викендов бидејќи имаат голем проблем.
Во центарот на вниманието на целата земја секако ќе биде погребот на кралицата Елизабета и поради тоа јасно е дека сите ТВ куќи ќе посветат најмногу внимание и дека натпреварите во моментов не се во преден план.
Имено, Sky Sports е задолжен за пренос на натпреварите од Премиер лигата, но оваа ТВ куќа се најде во голем проблем пред натпреварите кои треба да се играат викендов.
Како што пишуваат англиските медиуми, главен проблем е фактот што оваа ТВ куќа нема доволно ТВ камиони за пренос во живо за натпреварите викендов бидејќи, како што споменавме, во центарот на вниманието ќе биде погребот на кралицата.
Скај Спортс со денови користи камиони и друга опрема за пренос на настаните околу смртта на кралицата, поради што е голем проблем дали ќе имаат доволно услови за пренос на Премиер лигата.
Оваа телевизија треба да ги емитува сите девет натпревари, но прашање е дали имаат услови тоа да го изведат викендов.
Фудбалската програмата треба да започне веќе во петок со натпреварите Астон Вила – Саутемптон и Нотингем Форест – Фулам, додека викендот ќе играат Вулверхемптон – Манчестер Сити, Њукасл – Бурнемаут, Тотенхем – Лестер, Брентфорд – Арсенал, Евертон – Вест Хем, Манчестер Јунајтед – Лидс и Челзи Ливерпул. Натпреварот Брајтон – Кристал Палас беше претходно одложен.



