SportM
Фудбал

Англичаните не го сакаа Атлетико во Суперлигата?

Д М26 апр 2021
Англичаните не го сакаа Атлетико во Суперлигата?

Иако проектот Супер лига, барем за некое време, беше тргнат од дневниот ред, интересот на јавноста за сè што е поврзано со него не стивнува.

Она што се чини беше најконтроверзно во целиот проект е изборот на клубови кои би гарантирале учество. Особено контроверзни беа клубовите кои не освоија трофеј подолго време или ретко стигнуваа до истите, а тоа се Милан, Тотенхем, Арсенал. Како што обично се случува, полека се појавуваат разни интересни детали, па шпанскиот „Кадена Сер“ дозна како одеа преговорите за формирање на Суперлигата.

Поточно, беше презентирана информацијата дека англиските клубови Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Тотенхем се спротивставија на фактот дека Атлетико Мадрид треба да биде меѓу основачите и да има загарантирано место. Наводно, причината била економската состојба и недостатокот на раст во блиска иднина.

Ако оваа информација е точна, тогаш тоа е навистина сериозно лицемерие. Покрај тоа што Атлетико е далеку поуспешен од двата англиски клуба Арсенал и Тотенхем во последните 10 години, и може да се каже дека е или рамноправен или не заостанува многу во резултатите на теренот во споредба со другите четири клуба, Атлетико не покажа економски инфериорност. Ова најдобро може да се види со купувањето на Жоао Феликс, на кого потроши повеќе од кој било од клубовите на еден играч.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.