Англичаните помислија дека Де Брујн мечот го одиграл со шминка на очи, а потоа стигна објаснување

Манчестер Сити вчера на домашен терен го победи Брајтон со 3:1 во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата, а во центарот на вниманието беше Кевин де Брујн, кој на вчерашниот натпревар се појави со модринка на лицето.
Граѓаните пред своите навивачи на „Етихад“ успеаја да го совладаат тимот на Брајтон, а херој на овој тим повторно беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола.
Манчестер Сити по поразот во последното коло од Ливерпул денеска успеа да дојде до три бода, иако Брајтон пружи одличен отпор на „Етихад“.
Сепак, главна тема по вчерашниот натпревар беше играчот од средниот ред на домашната екипа Кевин де Брујн поради неговиот интересен изглед.
Де Брујн беше во центарот на вниманието бидејќи имаше модринка на десното око што остави многу збунети бидејќи не беше јасно што се случи со белгискиот играч за врска.
Why’s De Bruyne wearing eyeliner?😭 pic.twitter.com/Jt3KO4MPw8
— george (@StokeyyG2) October 22, 2022
Англиските медиуми објавија дека Де Брујн можеби дури пристигнал на „Етихад“ нашминкан, а се шпекулираше дека можеби го направил тоа затоа што изгубил облог, но набргу потоа дојде јасно објаснување.
Имено, коментаторот на Би-Би-Си Мајк Минај за време на преносот објасни дека Де Брујн не го нашминкал десното око или изгубил облог за тоа и дека тоа е едноставно модринка.
На еден од претходните тренинзи Де Брујн доби силен удар во лицето кога топката го удри, оставајќи модринка на десното око која се уште не е зарасната.
Kevin De Bruyne's black eye this afternoon came after taking a ball to his face in #ManCity training, as per @MikeMinay. pic.twitter.com/M7vRnEKH7R
— City Xtra (@City_Xtra) October 22, 2022
Сепак, и покрај повредата со која се здоби на тренинг, Де Брујн вчерашниот натпревар го одигра без проблеми бидејќи модрината на окото не му правеше премногу проблеми, па дури во 75. минута постигна фантастичен гол за 3:1.



