SportM
Фудбал

Англичаните се лути на Италијанците поради националната химна

Д М24 мар 2023
Англичаните се лути на Италијанците поради националната химна

Фудбалерите на Англија синоќа во Неапол го совладаа европскиот првак Италија со 2:1 , во првото коло од квалификациите од групата Ц за ЕВРО и во реприза од финалето на последното Европско првенство.

Ден по натпреварот не се зборува толку за фудбалот, туку за случувањата пред почетокот на натпреварот.

Конкретно, Англичаните имаат големи замерки за начинот на кој се пеела нивната национална химна. Италијанската пејачка Елионора погреши уште на почетокот на химната, го погреши целиот текст и интонација и ги остави Англичаните во неверување.

Таа потоа се извини и објасни дека има технички проблеми на стадионот.

Ниту Италијанците не беа многу посреќни, химната на земјата домаќин ја пееја Џиџи Д’Алесио и раперот Клементино со прилично чуден тон.

Начинот на интонирање на англиската национална химна можете да го видите во прилог подолу:

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.