Англија го чекира билетот за полуфиналето на ЕУРО!

Последниот полуфиналист на ЕУРО е англиската фудбалска репрезентација.
Англичаните ја совладаа Украина со 4-0 во вечерашниот четвртфинален дуел одигран во Рим.
Англија брилијантно го отвори мечот. Кејн погоди во четвртата минута за водство од 1-0.
По голот на Кејн, шанса за Стерлинг, но играчот на Манчестер Сити на крајот беше непрецизен.
Се играше во 17-та минута кога Украина одигра убава акција, на крајот шутираше Јаремчук, но Пикфорд брилијантно го запре неговиот удар.
До крајот на првото полувреме се издвојуваат уште две шанси пред двата гола. Најпрво Рајс имаше шанса за Англичаните во 33.минута, потоа во 43.минута Шапаренко имаше шанса за Украинците, но на одмор се замина со водство на Англија од 1:0.
Англичаните фуриозно го отворија второто полувреме и ги нокаутираа Украинците за четири минути.
Прво, Мегваер погоди за 2:0 во 46. минута по паузата, а во 50. минута Кејн го постигна својот втор гол за 3:0, а потоа прашањето за победникот беше скоро завршено.
Англичаните не запреа. Во 62-та минута корнер, а Хендерсон погоди со глава за 4:0.
Украина се обиде преку Макаренко во 74-та минута, но Пикфорд повторно беше на висина на задачата.
До крајот на мечот немаше промена на резултатите и Англија на фуриозен начин обезбеди пласман во полуфиналето на ЕУРО, каде в среда во Лондон ќе се соочи со Данска.



