SportM
Фудбал

Англија го освои историското злато со гол во продолжението, а во сето тоа лудило го соблече дресот

Д М1 авг 2022
Англија го освои историското злато со гол во продолжението, а во сето тоа лудило го соблече дресот

Женската фудбалска репрезентација на Англија го освои Европското првенство откако по продолженијата ја совлада Германија со 2:1 пред полните трибини на култниот Вембли.

 

Стадионот во Лондон беше распродаден неколку дена пред големото финале, а беше соборен рекордот во историјата на финалињата на европските првенства и за мажи и за жени со речиси 90.000.

 

Англичанките во неделата го освоија златото во својот дом по голема борба против Германките.

Херојот беше Клои Кели која постигна гол во 110. минута, по што играчот на Манчестер Сити во еуфорија го соблече дресот.

Англија за прв пат во историјата го освои Европското првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.