Анхел ди Марија конечно ја дозна својата судбина

Откако на крајот од сезоната му истече договорот со ПСЖ, Анхел ди Марија стана слободен играч.
Се пишуваше како Барселона го сака во своите редови и дека поради неа дури и го прокоцкал трпението на лидерот на Јувентус, но сепак ќе потпише за Старата дама.
Според Газета дело Спорт, играчот од средниот ред постигнал конечен договор со Јувентус.
Аргентинецот наредната недела по враќањето од одмор ќе биде подложен на лекарски преглед, а потоа ќе биде претставен во Јувентус.
На почетокот Анхел Ди Марија бараше годишна плата од 7,5 милиони евра. Конечниот договор беше постигнат на шест милиони евра плус бонуси за учинок.
Анхел Ди Марија ќе потпише договор со Јувентус на една сезона, со можност за продолжување на уште една година.
Во сезоната 2021-2022, Анхел Ди Марија постигна пет гола и додаде девет асистенции во 31 натпревар за ПСЖ.
Да потсетиме, тој во кариерата настапуваше и за Росарио, Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а сега треба првпат да се испроба во Италија.



