SportM
Фудбал

Ансу Фати и донесе победа на Барселона и го воодушеви соиграчот кој е во болничка постела

Д М3 ное 2021
Ансу Фати и донесе победа на Барселона и го воодушеви соиграчот кој е во болничка постела

Со победата во Киев, а благодарение на поразот на Бенфика во Минхен, Барселона се проби на 2. место на табелата од групата Е од Лигата на шампионите.

Барселона со два порази ја отвори групната фаза од Лигата на шампионите, но двете победи во дуелите со Динамо ја „турнаа“ каталонската гордост на 2. место на табелата по четири одиграни кола.

Во првиот натпревар одигран пред две недели, Барселона пред своите гледачи го совлада Динамо со минимални 1:0, а со истиот резултат славеше и Барса во Киев.

Голот за големите три бода го постигна Ансу Фати во 70. минута. Тоа беше негов прв гол во Лигата на шампионите и трет во сезоната, а го посвети на Серхио Агуеро кој поради проблеми со срцето нема да биде во тимот на Барселона најмалку три месеци.

Неговата прослава на голот, идентична како и на Агуеро, ги воодушеви навивачите на Барселона, а секако и Агуеро, кој мечот го следеше од болничката постела.

Инаку, ова беа 50 натпревари за Ансу Фати во дресот на Барселона. Тој одигра 35 натпревари во Ла Лига, 11 во Лигата на шампионите, 3 во Купот на Кралот и еден во Суперкупот на Шпанија,

На 50 одиграни натпревари постигна 16 гола, 13 во Ла Лига и 3 во Лигата на шампионите, а забележа и 6 асистенции.

На табелата во групата Е води Баерн со 12 бодови. Баварскиот гигант веќе се пласираше во осмото место во Лигата на шампионите. Барса е втора со 6 бодови, Бенфика има два помалку, а Динамо е на дното на табелата со бод.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.