Антоан Гризман е отпорен на повреди

Францускиот напаѓач Антоан Гризман пристигна во Барселона пред почетокот на оваа сезона како големо засилување од Атлетико Мадрид.
Барселона му плати на Атлетико дури 120 милиони евра, но тие не се претерано задоволни од игрите досега. Но, може да се каже дека Гризман делумно усепал затоа што на 37 натпревари успеа да постигне 14 голови и да додаде четири асистенции.
Гризман сигурно ќе биде многу подобар следната сезона бидејќи му требаше извесно време да се навикне на играта на каталонскиот клуб. Но, во Барса можат да бидат среќни што конечно добија играч кој нема проблеми со повреда.
Имено, „Мундо Депортиво“ денес објави дека Гризман не претрпел повреда од декември 2017 година, но дури и тогаш пропуштил само еден натпревар.
Зачудувачки е што од настапите во Шпанија тој никогаш не пропуштил два натпревари по ред, пред Барселона играше за Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.



