SportM
Фудбал

Апелациониот суд ја одби жалбата, Робињо ќе издржува казна затвор од девет години

Д М11 дек 2020
Апелациониот суд ја одби жалбата, Робињо ќе издржува казна затвор од девет години

Поранешниот бразилски напаѓач Робињо е осуден на девет години затвор.

Апелациониот суд во Италија ја отфрли жалбата на искусниот Бразилец од девет години, за што претходно беше обвинет за силување на девојка од Албанија.

Тој и уште петмина беа прогласени за виновни за силување на 22-годишна Албанка на 22 јануари 2013 година во Милано, кога сè уште играше за „росонерите“.

На Робињо му останува уште една, трета жалба, но во сите прилики ќе мора да издржува голема затворска казна.

Робињо беше на чекор до враќање во Сантос во октомври, но поради обвинувања за силување, бразилскиот клуб на крајот го одби, додека играчот упорно повторуваше дека не е виновен и дека „ќе ја докаже својата невиност за оние што го сакаат“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.