SportM
Фудбал

Арда Туран се враќа во Галатасарај

Д М1 мај 2020
Арда Туран се враќа во Галатасарај

Како што тврди „спорт.ес“, Арда Туран повторно ќе го носи дресот на Галатасарај.

Според извори, тренерот на турскиот тим Фатих Терим го убедил претседателот на клубот, Мустафа Тенгиз да потпише со 33-годишниот играч од средниот ред.

Туран моментно има договор со Барселона, но истекува на крајот на јуни 2020 година.

За време на сезоната 2019/20 играше во Истанбул ББ, запиша 12 натпревари за тимот. Во јануари 2020 година, клубот го раскина договорот со играчот.

Туран ги бранеше боите на Галатасарај од 2000 до 2011 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.