Аргентина се спаси од пораз на дуелот со Парагвај
Д М20 јун 2019

Со голот на Лионел Меси од пенал постигнат во второто полувреме, репрезентацијата на Аргентина избегна пораз од Парагвај во 2. коло од Копа Америка.
Парагвајците поведоа во 37. минута преку Ричард Санчез, Меси реализира 20 минути подоцна.
Шанса за втор гол Парагвај пропушти во 62. минута кога Дерлис Гонзалес не реализира пенал.
На „гаучосите за пласман во следната фаза им е потребен триумф во последното (3. коло) против Катар, иако може да им е доволен и бод, во зависност од резултатите во другите групи.
Табела Б-група: Колумбија 6 бода, Парагвај 2, Катар 1, Аргентина 1.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



