SportM
Фудбал

Аргентина со Агуеро на Мундијалот

Д М18 фев 2022
Аргентина со Агуеро на Мундијалот

Легендарниот напаѓач Серхио Агуеро најави дека со аргентинската репрезентација ќе патува на Светското првенство во Катар.

Агуеро неодамна мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, па пропушти можност да се прости како играч од репрезентацијата во Катар.

Сепак, тој сака да биде таму со остатокот од тимот и очигледно ќе патува на Светското првенство како член на стручниот штаб.

“Одам на Светското првенство во Катар. Сакам да бидам таму и ќе имаме состанок во текот на неделата. Идејата е да се вклучам во работата на селекторскиот тим на репрезентацијата. Разговарав со Скалони и Тапија“, рече Агуеро.

Легендарниот фудбалер 101 пат го носеше дресот на „гаучосите“ и постигна 41 гол.

Славата ја стекна играјќи за Манчестер Сити каде мина 10 години, а претходно играше за Атлетико Мадрид и Индепендиенте.

https://youtu.be/PKYM7rivrMw

Тој се прости во дресот на Барселона за кој одигра само пет натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.