SportM
Фудбал

Аргентинските ѕвезди го „молат“ Меси: Врати се, ни требаш

Д М20 ное 2018
Аргентинските ѕвезди го „молат“ Меси: Врати се, ни требаш

Лионел Меси засега одмара од репрезентацијата на Аргентина, по неуспехот на Светското првенство во Русија, а многумина веруваат дека Меси повеќе нема да го облече репрезентативниот дрес.

Меси не играше за Аргентина од Светското првенство, а по победата од 2 0 над Мексико, новинарите го запрашаа неговиот соиграч Пауло Дибала што мисли за отсуство на Меси.

Иако во минатото можеби имал помалку минутажа во дресот на Аргентина, Дибала рече дека секој што е во тимот сака Меси да се врати во репрезентацијата.

„Ние сите сакаме Меси да се врати во тимот. Сите знаеме Лео колку е важен за нас, но се е до него. Ние сме група на млади играчи и ни е потребна поддршката од народот“, изјави Дибала.

Почетокот на октомври и Мауро Икарди истакна дека Меси мора да се врати во репрезентативниот тим, без разлика што се шпекулираше дека поради него напаѓачот на Интер не беше во Русија.

„Меси мора да се врати. Ќе играме на Копа Америка следната година, а јасно е дека тој мора да се врати во репрезентативниот тим“, рече Икарди.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.