Аргентинците го носат Серхио Агуеро на СП во Катар? Тој ќе го има последниот збор (ВИДЕО)

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро вчера на прес-конференција беше планирано да ја заврши својата играчка кариера.
Славниот напаѓач поради проблеми со срцето мораше порано отколку што планираше да ги остави копачките, па донесе неочекувана одлука иако дури летово потпиша договор со Барселона, откако со голем успех го облече дресот на Манчестер Сити.
“Ова е многу тежок момент за мене. Решив да престанам да играм фудбал. Моето здравје е на прво место. Знаете за проблемот што го имам. Одлуката ја донесов пред десетина дена”, изјави вчера Агуеро.
„Уште од својата петта година сонував да играм во прва лига, никогаш не мислев дека ќе стигнам во Европа. Ти благодарам Индепендиенте, ти благодарам Атлетико што се обложи на мене на 18 години, благодарам на луѓето во Манчестер Сити и благодарам на Барселона. Еден од најголемите клубови во светот. Благодарам на репрезентацијата на Аргентина, која најмногу ја сакам“.
Во репрезентацијата на Аргентина, 33-годишниот играч одигра вкупно 101 натпревар, на кои постигна 41 гол. Во светлината на неодамнешните настани, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) се обидува да му оддаде почит на еден од своите најдобри напаѓачи во историјата.
Аргентинската телевизија TyC Sports објави дека Агуеро би можел да патува со репрезентацијата на Светското првенство во Катар, но не како играч, туку како еден од репрезентативците на националниот тим.
Засега, сепак, не е познато дали поранешниот напаѓач на Атлетико, Сити и Барселона ќе се согласи на предлогот.



