SportM
Фудбал

Архитектот на успехот од Кратово: Како Стевица Ристиќ го врати Силекс на европската мапа

Редакција16 јун 2026
Архитектот на успехот од Кратово: Како Стевица Ристиќ го врати Силекс на европската мапа

Покрај неговите мундијалски анализи, Стевица Ристиќ во студиото на 4ТВ ја отвори душата и за неговата тековна одговорна функција – раководењето со спортскиот сектор на ФК Силекс. Кратовскиот бренд годинава слави голем успех со освојувањето на Купот на Македонија, што им обезбедува нов излез на европската сцена.

Формулата за стабилност во македонскиот фудбал

Додека многу македонски клубови се соочуваат со згаснување и финансиски колапс, Силекс покажува како се работи на долги патеки. Ристиќ ја објаснува стратегијата која донесе вицешампионска титула минатата година и куп-трофеј оваа сезона:

„Имаме јасна стратегија, стабилен спонзор и сигурни, навремени средства. Нашиот сопственик Горан Иванов веќе 25 години дава лични средства во македонскиот фудбал и е максимално сериозен. Кога на тоа ќе го додадете Александар Васовски како шеф на стручниот штаб и неговиот тим кои работат максимално професионално, успехот е неминовен. Силекс ги имаше можеби најзаслужните луѓе за финансискиот и спортскиот сегмент и затоа во последните две години го играме најубавиот фудбал во Македонија.“

Балкански менталитет за европски Силекс

Прашан за тоа како го склопува играчкиот кадар и дали Силекс ќе се засилува со странци, Ристиќ откри дека неговиот главен фокус останува регионот:

„Главно се потпирам на играчи од нашите простори – Србија, Босна, Хрватска. Најмногу верувам во нив бидејќи ментално се слични со Македонците и многу лесно се прилагодуваат тука. Сепак, столбот се нашите деца. Годинава имавме петмина репрезентативци, од кои двајца во А-селекцијата и тројца во младата репрезентација. Имаме деца кои дури сега треба да надојдат. Нашата цел е јасна: во следните неколку години сакаме да се умешаме во борбата за двата домашни трофеи.“

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.