Арсенал го договори доаѓањето на голманот
Д М17 сеп 2020

Арсенал брзо најде замена за Емилијано Мартинез.
Откако Аргентинецот потпиша за Астон Вила, Топџиите тргнаа во потрага по замена и го најдоа во Дижон.
Алекс Рунарсон (25) ќе стане новиот чувар на мрежата на лондонскиот клуб. Тој ќе потпише петгодишен договор, а сите детали се веќе договорени.
Рунарсон утре ќе биде во Лондон, а Дижон ќе собере два милиони евра за услугите на овој голман.
Исланѓанецот не се прослави на голот на сегашниот тим. Тој бранеше 36 пати во Лига 1 и прими дури 61 гол, а слабите настапи го чинеа позиција на прв голман што сега ја држи Алфред Гомис.
25-годишниот играч претходно играше за Нордсјеланд и Рејкјавик.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



