SportM
Фудбал

Арсенал го запиша четвртиот последователен триумф

Д М23 сеп 2018
Арсенал го запиша четвртиот последователен триумф

Во последниот натпревар од 6. коло на Премиер лигата, Арсенал на Емирати го победи Евертон со 2:0 и така дојде до својата четврта последователна победа.

Евертон беше нешто поопасен во првото полувреме и шанси за гол пропуштиа Ричарлисон, Волкот и Дињ, додека најдобра шанса за домашниот тим пропушти Монреал.

Голови немаше се до 56-та минута, кога Лаказет постигна гол за 1:0, но само три минути подоцна Обамејанг го зголеми водството, но голот беше поништен поради офсајд позиција.

До крајот на натпреварот имаа шанси двете страни, но резултатот не се промени, па Арсенал ја прослави победата со која се најде на шестата позиција на табелата.

Арсенал следното коло ќе биде домаќин на Ватфорд, додека Евертон, исто така, ќе биде домаќин на Фулам.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.