Арсенал конечно го заврши трансферот

Арсенал конечно го комплетираше трансферот на дефанзивецот Пабло Мари од редовите на Фламенго.
После долгите преговори, Арсенал и Фламенго постигнаа договор за трансфер на 26-годишниот шпански фудбалер, кој ќе игра на позајмица до крајот на сезоната и „Топџиите“ ќе има опција да го купат договорот.
Менаџерот на лондонскиот тим Микел Арлет бараше стопер на левата страна. Мари му се наметна како идеално решение и на крајот по тешките преговори ќе го добие потребното засилување.
Сепак, Мари не е единствениот што пристигна во редовите на Топџиите. Според англиските медиуми, најмалку уште еден играч ќе дојде на позајмица до крајот на преодниот рок, но не се знае кој би можел да биде.
Арсенал игра навистина лошо оваа сезона. Со доаѓањето на Артета не се смени многу, така што се далеку од врвот и се наоѓаат во 10-то Премиер лигата.



